Ракот на белите дробови е еден од водечките причини за смрт од карцином во светот и од него во најголем број заболуваат пушачите…

thumb

Лекарите поради тоа на сите пушачи им препорачуваат да го остават никотинот. Меѓутоа, ако веќе пушите, обидете се барем колку што можете да го намалите ризикот од заболување од рак.

Седум природни начини кои ќе ви помогнат да ги исчистите вашите бели дробови од токсините и никотинот се:

Пченка шеќерец – содржи бета-криптоксантин кој ги штити белите дробови од канцерогени заболувања и е силен антиоксидант.

Селен – овој моќен антиоксидант може да се најде во различни видови риби, јагнешко месо, јајца и житарки.

Кромид – белиот, црвениот и црниот кромид имаат антиканцерогено дејство. Кромидот помага за спречување на повеќе болести и инфекции, а кај веќе заболените од рак го спречува неговото ширење.

Ѓумбир – ова растение може да се пие со чај и да се консумира во исхраната и како зачин. Ѓумбирот го олеснува дишењето и ги исфрла токсините од белите дробови.

Портокал – е богат извор на витамини, а содржи и криптоксантин.

Коприва – содржи големо количество на железо и служи за детоксикација на белите дробови и заштита од инфекции.

Чај од борови иглички – овој чај служи за прочистување на устата и грлото, а може да биде и добар лек против канцерогени заболувања.

Но, не заборавајте, овие природни лекови ќе исчистат само дел од штетните материи во белите дробови, а не целосно.

Извор: Plusinfo.mk