
Турската актерска ѕвезда Халит Ергенч, познат по толкувањето на ликот Сулејман Величенствениот од истоимената серија, ја отвори душата и раскажа за тешкото детство кое го имал.
За разлика од сега, кога има пари и слава, Ергенч раскажува за трауматичното и тешко детство кое го проживеал.
Тој откри дека имал сестра која била родена со ментално нарушување, па поголем дел од родителското внимание било насочено кон неа.
-Моите родители се разделија кога јас одев во основно училиште, а и пред разводот ситуацијата меѓу нив беше напната. После тоа мојот татко повремено доаѓаше дома, а во мене уште тогаш се јави потреба за бегство,раскажува Халит.
Исто така открил дека за да преживее морал да толкува различни улоги и да прифаќа се што ќе му биде понудено.
-Бев „шворц“ и ми требаа пари, а за мене трагично беше да играм во детски театар. Додека ја работевме „Кралот лав“ често бев пијан на сцената. Мојата ситуација беше очајна. Тогаш стигна понуда од Турција, се сеќава Халит.
Извор: Sky.mk