Уредникот пропагандист Драган Павловиќ Латас имал ланец на фирми, од коишто дури 4 со години функционирале паралелно на иста адреса со телевизија Сител, Градски стадион б.б. Скопје, информираше денеска Петре Шилегов, портпарол на СДСМ…

P.Shilegov, 22.01.2014god.

Тој потенцираше дека уредникот бизнисмен Латас само преку една фирма, со нула вработени, во 2011 и 2012 година остварувал приходи од по околу 250 илјади евра.

Во две години, 2011 и 2012 година, Латас дошол до два стана вредни 250 илјади евра – едниот на подарок, другиот го купил.

Шилегов покажа официјални документи од Катастарот за станбеното проширување на семејството Павловиќ.

Според едниот имотен лист уредникот на Сител, Латас, на 06 април 2012 година купил стан на Илинденска, во Карпош, од 107 м2 и помошни простории од 6 м2. Во вредност од околу 132 илјади евра.

Според другиот имотен лист а 17 февруари 2011 година неговата ќерка добила на подарок стан од 87 м2 и помошни простории од 7 м2. Исто на Илинденска во Карпош. Со пазарна вредност од околу 109 илјади евра.

„Очигледно некој бил многу дарежлив кон ќерката на Латас. Во 2011 година стан подарок од 109 илјади евра, во 2012 уште еден стан, купен, од 132 илјади евра. За две години Павловиќ се стекнале со станови во вредност од околу 240 илјади евра“, констатираше Шилегов.

Семејството Павловиќ пред да дојдат до овие два стана, живееле во општествен стан во Центар. Овој стан од 127 метри квадратни и вредност од 152 илјади евра, сега се води на име на сопругата.

Според СДСМ со овој стан стамбениот фонд на Семејството Павловиќ се проценува на 400 илјади евра.

Извор: Sky.mk