Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, на денешната прес-конференција објави документи кои, како што рече, покажуваат дека во 2013 година Владата на Никола Груевски префрлила над 280 илјади евра на сметката на Канал 5 телевизија, преку најмалку пет трансфери и дури 240 илјади евра од овие пари Владата ги префрлила на Канал 5 во еден ден, на 30-ти ноември 2013 година…

silegov-pres-g

Дополнително, рече портпаролот на СДСМ, исто така преку само пет трансфери, Владата на Никола Груевски префрлила над 230 илјади евра и на сметката на Алфа телевизија.

– Идентично како примерот со Канал 5, најголемиот дел од овие пари, дури 216 илјади евра Алфа телевизија ги добила од Владата во само еден ден, на 10-ти декември 2013 година. Само десетина дена подоцна од трансферите кон Канал 5, рече тој.

Во продолжение погледнете ја пресконференцијата во целост…

Извор: Sky.mk