ОО на СДСМ од Делчево денеска одржа прес конференција, а поводот за денешната прес конференција се отворените денови на идеи кои ги организира ВМРО -ДПМНЕ, па решија да им преложат неколку идеи и да ги потсетат на веќе ветените …

stab-sdsm1

Во продолжение ви ја пренесуваме пресконференцијата во целост преку интегралниот текст подолу…

Почитувани сограѓани…

Минатата недела владеачката партија не информира дека  организира ден на идеи.Токму тоа е и поводот за овој прес.

Дали вие господа од власта навистина мислите  дека се сте направиле, оствариле, реализирани се сите ваши планови и идеи и повеќе немате нови идеи? Дали мислите  дека со  тоа што ќе ги прашате  граѓаните  за  нова идеја, тие  ќе ви заборават за  сето друго што  ветивте , а не го исполнивте? Јавно ве прашуваме дали  поводот за ваквата акција е слабата поддршка на вашиот кандидат за председател Иванов,се шпекулира  дека едвај на мускули сте собрале 740 потписи за два дена. Ве збуни непослушноста на вашето членство?

Кога веќе зборувате за идеи еве ви една  која  секојдневно ги мачи граѓаните ,а вие  се правите дека ова не го знаете.

Асфалтирајте ја конечно ул.”Н.Ј.Вапцаров” која е во централното гратско подрачје, фрекфентна улица и поради многуте објекти, училиштето и градскиот пазар, а ако конечно решите да го направите тоа, нека некој им каже на одговорните во ЈПКД Брегалница дека не се  гради се само со песок кој немилосрдно го црпите од реката Брегалница, како што ги направивте и песочните банкини на патот  кон Габрово или паркингот кај новата црква. Постојат и други градежни материјали.Еден камион песок 2 часа работа со машина и вие сте завршиле работа,повеќе  и поквалитетно време  потрошивте на сликање и промовирање на проектот што  демек сте го реализирале.

Каде е новото комунално возило, се пофаливте дека го набавивте ама тоа никако да стигне.Вие господа од власта како идеја го имавте и проектот за улично осветлување на с. Нов Истевник и Бигла. Сигурно  мислите на осветлувањето кое  пред неколку години го имаше ама кога вашата партија  ја презеде локалната власт го уништи оти не беше потребно.Па сега наново ќе го поставувате?

Празниот џеп, масовните иселувања, сиромаштија и огромната  невработеност во општината ги покривате со метар бекатон, водоводни цевки и игралишта и чешми? Од големиот број на идеи и проекти кои беа  во изборната програма на градоначалникот,едвај десет се реализирани,поголем дел од останатите  веќе беа започнати од неговите предходници.

Но локалните избори поминаа, мислите дека гласачите заборавија колку ветивте, а колку остваривте, па сега собирате идеи од кои како што велите, голем дел ке се најдат  во вашата парламентарна изборна програма.

Вие веке се пофаливте за мосовната поддршка од граганите и многуте соберени идеи.Сепак во најскоро време  ќе видиме  колку масовно ве поддржуваат граѓаните,изборите  се блиску.

ОО на СДСМ Делчево