Владимир, не Веселин ќе биде новиот тренер на ракометниот клуб Вардар и ќе го предводи тимот во понатамошните натпревари оваа сезона

vladimir_vujovic

Сергеј Самсоненго го одбра Владимир Вујович за нов тренер на мега тимот што го состави оваа година, после Зоран Кастратовиќ, Андон Бошковски И Горан Симич нашиот шампион има трета ‘‘привремена опција‘‘. Вујович е прекомандуван од тимот на Вардар СЦБТ каде беше одговорен за голманките и асистент на Индира Кастратовиќ.  

Вардар сеуште бара трајно решение за тренерската позиција, а до тогаш клубот ќе го води Владимир Вујович. Тој веќе е на подготовки со тимот во Словенија каде што се подготвуваат за престојните натпревари единствено на подготовките недостасуваат Страхиња Милич, Петар Ангелов, Стојанче Стоилов и Алем Тоскич кои се со своите национални репрезентации на европското првенство во Данска.

Хрватскиот стратег е екс голман кој има работено со голмани во Подравка и младиот национален тим на Хрватска, тој исто така билл и дел од РК Загреб кога ја освоија Лигата на шампиони.

Извор: Мојатв.мк