Само 2% од граганите животно се осигуруваат , што значи, за нив поважно е да ги осигурат имотите отколку животите…

ZostoViepotrebno...
Според последните податоци, мината година во државата имало околу 476 000 осигурителни договори. Од нив, 225.000 се за осигурување од незгода, 36.600 за осигурување на имот, 34.300 каско за моторни возила и само 5192 за животно осигурување.

Вака малиот број претежно е резултат на неинформираноста. Но осигурувањето всушност тоа е штедење и вложување, велат од осигурителните компании.

На пример, доколку се уплаќаат по 1.000 евра годишно за 25 години можете да се пензионирате.Овој начин на штедење во светот е се поприсутен и во некои земји тој достигнува до 50% и е во постојан пораст. Ова ососбено откако пензиските фондови во многу земји доживуваат колапс.