
Од многу гледање шпански и турски серии, еве до кај дојдовме.
А фина битолчанкава, нејќе да се караат браќава. Текстот го пренесуваме како што е напишан, без корекции:
-Те замолувам за анонимно во групата да пишиш. Мажот ми е странство ете веќе 2 години таму јас седам со негојте тука и со малио.
Убаво се понашат сите дома не велам не а и јас ги сакам и ги поштувам и малио ми го пораснаа. Со едното деверче од секогаш сме биле блиски и пред да се земам со мажо убо се дружевме.
Откако замина тој после годината станавме уше поблиски и срам ми е да кажам ама се сакаме. Е сега проблемот е шо сум 2 месеци трудна и не знам шо да прам незнај ни тој.
На кој да му кажам од кој совет да барам па ми текна да си кажам анонимно. Шо да прам? Да одам да го извадам не ми се ваѓа, а да му кажам на мажи дека е негово не е дојден како да е негово, да му кажам на деверчето можи ќе сака да ме земи а нејќам да се карат браќата.
Советувајте.