Агенцијата за храна и ветеринарство стави во функција бесплатен телефонски број на кој граѓаните можат да пријават неправилности во безбедноста на прехранбените производи.
На телефонскиот број 0800 3 22 22 потрошувачите можат да пријавуваат 24 часа на ден доколку откријат неправилности од областа на безбедноста на храната, здравствената заштита и благосостојбата на животните.
Пријавите се анонимни, но се снимаат. А ако потрошувачите одлучат да остават податоци – име, презиме, адреса и телефонски број за контакт, ќе добијат и писмено известување за тоа како се постапувало по нивната пријава.
Извор: Faktor.mk