
Според најновото истражување доколку сакате да ослабнете,научнците велат да јадте побавно…
Ако сакате да јадете помалку, едноставно забавете, бидејќи така можете да консумирате помалку калории, а чувството на ситост ќе ви трае подолго. Ова го тврдат научниците, кои своето истражување го објавиле во магазинот Академија за прехрана во Чикаго.
Истражувањето е спроведено на две групи од по 30 испитаници од кои една била со нормална тежина. За време на истражувањето на испитаниците им биле послужувани оброци. На едната група им било кажано да јадат полека, долго џвакајќи ја храната, а на другата група им било кажано да јадат како да немаат многу време за оброк.
Испитаниците тврделе дека чувството на ситост по бавниот оброк подолго трае и дека биле во помало искушение нешто да јадат час по оброкот.
Извор: Sky.mk