Ако сакате блескаво бели заби какви што имаат холивудските актери, ќе мора да се изложите на професионална постапка кај заболекар, но ако сакате само малку да ги избелите забите, ви донесуваме неколку супер совети.

zabi jadenje

1. Секој ден јадете по едно јаболко

Јаболката содржат киселини кои на природен начин ги отстрануваат дамките на вашите заби и така ги одржуваат бели, велат експертите од порталот She finds. Токму затоа, наместо чоколада и чипс, јадете здрави јаболка.

2. Исплакнете ја устата со јаболков оцет

Баш како и јаболката, јаболковиот оцет исто така ги отстранува дамките од забите па на неколку дена користете го наместо средство за плакнење уста.

3. Пијте низ сламка

Кафето, чаевите и соковите оставаат дамки на нашите заби, а ако сакате тоа да го спречите – почесто пијте со цевка.

4. Сакајте се повеќе

Дали сте знаеле за ова? Истражувањето на Academy of General Dentistry докажа како луѓето кои повеќе се сакаат имаат и посветли заби бидејќи љубовта произведува додатна материја која на природен начин ги избелува забите.

5. Јадете и пијте повеќе млечни производи

Млекото, сирењеро и јогуртот се полни со калциум кој е добар за здравјето на забите, но и за нивниот добар изглед.

Извор: Sky.mk