Колку и да се различни, толку се и слични. Најчесто вака се опишуваат светските земји, секоја си има своја карактеристика, за едни големината на градите, за други количината на испиено кафе по глава на жител и така од Европа до Америка.

zeni_sex

Неверојатни и необични мапи на светот кои можат да се пронајдат на различни сајтови, некои се позабавни а некои прикажуваат многу посериозни податоци.

Најголемиот број на убиства и самоубиства се регистрирани во Венецуела и Хондурас, и тоа од 40 до 60,87% на 100.000 жители. Всушност, на мапата на убиства и самоубиства за БиХ се наведува дека има помалку од 2,63 убиства и самоубиства на 100.000 жители, колку што има во поголемиот дел од европските земји, додека во Србија, Црна Гора и Албанија процентот се движи од 2,63 до 5,92 на 100.000.

Со најмногу затвореници по глава на жител може да се пофали САД, а најмалку ги има во централните африкански земји.

По број на пиштоли можат да се пофалат Србија и САД, Јемен, Швајцарија, Кипар, Саудиска Арабија, Ирак, Финска, Уругвај и Шведска.

Како најписмени можат да се издвојат Андора, Финска, Гринланд, Лихтенштајн, Луксембург, Норвешка и Ватикан, кои имаат се на врвот на табелата со цели 100%.

Но и Балканот не е за жалење, и балканските земји можат да се рангираат по обемот на градите на припадничките на понежниот пол, спрема статистиките најголеми имаат БиХ “четворка” и Србија “тројка”, додека пак Македонија не е никаде спомната на листата.

Извор: Think.mk