
Научници од Владивосток на длабочина од 1,5 километри во арктичките води пронашле големо непознато суштество кое го регистрирале сензорите на уредот „Клавецин“, но засега не се објавени детали…
Во почетокот научниците мислеле дека уредот пронашол голем број минијатурни организми, но малку подоцна сфатиле дека станува збор за огромно суштество.
– Се случи нешто неочекувано, чудовиштето се фрли на сензорскиот уред и почна да го тресе – соопштил докторот на технички науки Леонид Наумов.
Кога уредот „Клавецин“ бил изваден од водата на неговата површина биле утврдени вдлабнатини и гребаници. Научниците побарале помош од океански биолог, но не можеле да го класифицираат сушстеството – наведуваат руските медиуми.
Детали од овој случај засега не се познати.