
Саса е првиот рудник во Македонија што ќе добие еколошка дозвола…
Ова денеска го најави претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески при посетата на рудникот Саса. За нејзиното добивање, рудикот вложи над 2,5 милиони евра, а со акцискиот план беа предвидени 1,9 милиони.
Инаку, рудникот Саса е една од најзначајните економски субјекти во земјава со инвестиции во рудникот од преку 50 милиони евра. Во рудникот денеска има 7оо директно вработени, но и 200 индиректно вработени.
Генералниот директор на „Саса“, Александар Раков, е задоволен од работењето на рудникот во годините по рестартирањето и вели дека ќе продожат со развивање на источниот дел на државата.
Претседателот на стопанската комора донесе и други добри вести на рудникот Саса повразни со концесиите за екслопатација на новите рудни наоѓалишта. Имено, наскоро рудникот ќе добие нови дозволи за експлоатација, со што ќе му се продолжи животот до 2027-та година.
Инаку, рудникот Саса е најголем извозник во земјава. Лани биле извезени 56 илјади тони концентрат на оловоцинкова руда вредни околу 60 милиони евра.