Утре Делчево ќе биде домаќин на Регионалниот натпревар по англиски јазик на кој ќе земат учество пет училишта од Источниот регион…

Slide1

На мегдан со 13 илјади ученици од 9 држави од Балканот, но и Италија и Грузија, ќе излезат учениците од крајниот исток на државава за да докажат дека се добри познавачи на англискиот јазик.

Натпреварот организиран од светската асоцијација „Голбал Хипо“, во Македонија се одржува во 14 општини, а на Истоков домаќини се средното училиште во Виница и основното „Ванчо Прке“ во Делчево, пренесува ТВ Стар.

Во делчевското основно училиште ќе се натпреваруваат ученици од 5 училишта од регионот, а делчевската осмолетка е подготвена да се покаже како добар домаќин со надеж дека овој натпревар по англиски ќе прерасне во традиција на училиштето.

И учениците се подготвени за утрешниот натпревар и велат дека со нетрпение чекаат да покажат што знаат и умеат и да ги покажат своите знаења по англиски јазик .

Училиштето утре во 8:30 часот ги отвора вратите за натпреварувачите, a  први со тестовите по англиски стартуваат најмладите.

Финалето на овој натпревар ќе се одржи на 10 и 11 мај во Италија.

Видео прилогот за ова можете да го погледнете на ТВ СТАР.