
Замислете свет каде не мора да користите ни кеш, ни картичка и да не се грижите дека сте го заборавиле паричникот или мобилниот дома кога тркнувате до продавница.
Сигурно сте чуле за Google Wallet систем кој овозможува плаќање со едноставно доближување на мобилен телефон до специјални терминали, но за најновата технологија не ви треба никаква опрема, туку само вашето лице.
Финската старт ап компанија Uniqul, го патентираше и тестираше овој уникатен систем за плаќање кој го олеснува купувањето на потрошувачите и нуди безбедност – бидејќи со овој систем вашето лице е вашиот пин.
Идејата на овој систем е кога сакате да купите нешто сè што треба да направите да отидете на каса и да застанете пред камерата која ќе го скенира вашето лице, ќе ве препознае (ако веќе ги има вашите податоци во датабазата) и ќе ви наплати, а вие треба само да притиснете „OK“ – и сето ова ќе биде готово за 5 секунди.
Големото прашање тука е дали продавниците ќе сакаат да инвестираат во набавување на потребната опрема, како на пример терминалот за скенирање кој сигурно нема да биде евтин.
Исто така, овој револуционерен систем нема да биде бесплатен за потрошувачите-ќе се плаќа месечна такса од 0.99 до 6.99 евра.
Погледнете го промотивното видео за системот Uniqul:
Извор: GSM.mk