
Градоначалникот на Делчево,Дарко Шехтански ,денеска во Скопје даде отчет за сработеното во изминатиов период од почетокот на својот мандат до сега…
Градоначалникот на Општина Делчево, Дарко Шехтански денеска во Скопје имаше свое излагање за неговата досегашна работа како градоначалник на Делчево, при што ги истакна своите реализирани проекти досега, како и проектите кои се предвидени да се реализираат во иднина.
Градоначалникот Шехтански меѓу другото истакна дека во изминатиов период во Делчево се реализирани проекти кои се од огромно значење за општина Делчево, како и тоа дека во тек на реализација се многу проекти,како и проекти кои ќе се реализираат во иднина.
“Во целост се реализирани 11 големи проекти од инфраструктурен карактер, а во тек е реализацијата на уште 9 исто така големи проекти од капитално значење за нашата општина…”, изјави Шехтански.
Како реализирани ги истакна следниве проекти:
- Изграден е нов локален пат на потегот од регионалниот пат до планината Голак кон селото Косово Дабје
- Целосно е реконструиран дел од локалниот пат кон село Нов Истевник (Балабанско Маало)
- Поставен е нов асфалт на локалниот пат во село Драмче (Димовско Маало),
- Реконструиран е дел од регионалниот пат Делчево-планина Голак. Се очекува во наредниот период асфалтирање на дополнителна должина на овој регионален патен правец од страна на Јавното претпријатие за државни патишта.
- Завршена е доизградбата на улицата „8-ми Септември“ со поставување на асфалт.
- Завршена е реконструкцијата на улицата „Св. Кирил и Методиј“ во населбата Милково Брдо
- Извршена е санација на поголемите оштетувања на главниот доводен цевковод со вода за пиење од браната Лошана кај селото Тработивиште
- Дограден е колекторот на реката Брегалница од десната страна во должина од 178 метри.
- Направена е реконструкција на главниот реонски водоводен цевковод и замена на азбест-цементните цевки со нови на потегот од крстосницата на булеварот „Методија Митевски Брицо“ со улицата „Никола Јонков Вапцаров“ кај мостот на реката Брегалница кон населбата Милково Брдо.
- Изграден е мини спортски комплекс со повеќе содржини во дворот на ООУ „Ванчо Прке“. Во рамките на овој проект станува збор за реконструкција, доуредување и доизградба на површина од околу 4000 м2.
- Направено е партерно уредување на мини депонија што постоела претходно, при што е поставена урбана опрема со места за седење и реквизити за деца и мини спортски терен во населбата Први реон.
Покрај реализираните проекти ,градоначалникот истакна дека во тек е реализација на следниве проекти:
- Во тек е изградба на нови улици во урбанизираниот дел на с.Ѕвегор. Реализацијата на овој проект се очекува да заврши до првата половина на 2014 година.
- Во тек е изградба на колектор за отпадни води од с.Ѕвегор до главната колекторска линија на река Брегалница.
- Во тек е реализација на проект за набавка на ново комунално возило за прибирање на смет за потребите на ЈПКД Брегалница од Делчево.
- Во тек е постапка за реконструкција на мостот на реката Брегалница во селото Разловци. Проектот се реализира во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
- Во тек е проект за изградба на пешачки мост на реката Брегалница во централното градско подрачје.
- Во тек е доградба на 4 нови простории до ниво на карабина во рамки на Детската градинка „Весели цветови“ во Делчево со површина од околу 420 метри квадратни.
- Во тек е проект за реконструкција на постојните просторни капацитети на Детската градинка „Весели цветови“, со имплементација на мерки за енергетска ефикасност на зградата.
- Се реализира и проектот за реконструкција на просториите на ООУ “Ванчо Прќе” со имплементација на мерки за енергетска ефикасност.
- Во тек е реализација на проектот на општината за поставуање на улично осветлување во селата кои досега тоа го немале. Тоа се селата: Нов Истевник и Бигла.
Покрај проектите кои се во фаза на реализација, градоначалниккот Шехтански истакна дека во претстојната 2014 година ќе се реализираат и голем број други проекти меѓу кои од позначајните ги спомена, изградбата на Технолошко-индрустиската зона во Делчево, потоа изградба на неколку игралишта во Делчево, изградба на тениско игралиште во дворот на ООУ Ванчо Прке, изградба на неколку улици како во општината така и во самите села, меѓу кои асфалтирање на улицата “Никола Јонков Вапцаров” во централно градско подрачје,реконструкција на водоводна мрежа во централното градско подрачје во Делчево како и други проекти кои ги најави градоначалникот.
На крајот Градоначалникот изјави дека не застануваат тука и продолжуваат и понатаму со реализација на најавените проекти , а останува да видиме и верето ќе покаже дали она што го вети градоначалникот во иднина и ќе го реализира.