
Комбс повторно го промени уметничкото име во Паф Деди…
Американскиот рапер Шон Комбс објави „тизер“ за својот нов сингл под назив „Big Homie“, а одлучи и да го врати своето уметничко име Паф Деди.
Комбс повторно го промени уметничкото име во Паф Деди. Во јавноста во текот на својата кариера бил познат како Диди, Фаф Деди, Пи Диди, Пафи и Паф.
Овој рапер сними нов сингл во соработка со Рик Рос и Френк Монтана, а тој ќе се најде на новиот албум наречен „MMM“.