СДСМ со нови имиња на кандидатските листи за пратеници на следните предвремени парламентарни избори…

sdsm

Ниту лидерот Зоран Заев, ниту заменик претседателката Радмила Шекеринска, ниту било кој од актуелното ракодовство на СДСМ нема да биде на кандидатските листи за претстојните парламентарни избори. Оваа одлука денеска ја донесе Извршниот одбор на СДСМ.

Извршниот одбор на Централниот одбор и на конгресот на СДСМ ќе им предложи кандидатската листа за првата изборна единица да ја води Рената Десковска, за втората – Петре Шилегов, за третата – Марјанчо Николов, за четвртата – Хари Локвенец, за петтата – Васко Ковачевски и за шестата – Стојко Пауновски.

Според извори на А1он, високо во првата изборна единица се и Софија Куновска, претседателот на младите на СДСМ Стефан Богоев и Солза Грчева.

Извор: Plusinfo.mk