
Планираното зголемување на минималната плата од 8.050 на 10.080 денари ќе ги зголеми трошоците на работодавачите, тврди Маријана Перковска од Кластерот за текстил за ТВ 24 Вести.
„Проблемот е во тоа што зголемувањето на платата на ниво на Република и зголемувањето на просекот, дополнително ги оптоварува компаниите со зголемени давачки“, вели таа.
Евтината работна сила, застарените машини и лонг производство остануваат клучни проблеми за овој сектор кој учествува со над 15 % во бруто домашниот производ.
Сепак, дел од работодавачите се надеваат дека до 2016-та или 2018-та година, кога најниската плата во Македонија треба да стигне над 10 илјади денари, во земјава ќе се зголеми и економскиот раст.
„Поголемиот дел од работодавачите исплаќаат поголема плата, ова ќе биде удар и трошок за микро-претрпијатијата, за занаетчиите, за самовработените, но мора да знаат дека со овој потег се гарантира сигурноста и мотивацијата во фирмите“, вели за ТВ Алфа Миле Бошков од Конфедерацијата на работодавачи.
Министерството за труд и социјална политика и синдикатот денеска најавија засилени контроли за да проверат дали работодавачите го почитуваат Законот за минимална плата. Податоците на Министерството велат дека во моментов, минималната плата во некои фирми доцни, но се исплаќа. Синдикатот, пак тврди дека 1/5 од фирмите не се придржуваат до Законот и им исплаќаат на работниците плата под минимумот.