Полициската станица во Делчево поднесе кривична пријава против Љ.В.(57) и М.М.(56), двајцата од село Косевица-Македонска Каменица, за сторено кривично дело „мачење животни“.
Тие во септември 2013 година, на подрачјето на село Косевица пријавените со секири удриле две грла добиток нанесувајќи им телесни повреди.