
Еден татко во Северна Каролина бил поздравен како херој и од полицијата и од семејството, откако херојски се погрижил за неговата ќерка.
Впрочем, Кристофер Џост возел по автопат во Северна каролина заедно со неговата ќерка, кога наеднаш забележал дека едно возило го следи. Возачот од другото возило почнал да удира во него, по што стигнале до еден паркинг. Таму Кристофер успеал некако да се справи со збунувачката ситуација, погрижувајќи се неговата ќерка да излезе од возилото и да влезе во продавницата, додека тој во меѓувреме повикувал полиција.
За сето тоа време другиот возач со автомобилот удирал во него, а кога и Кристофер излегол од возилото, тој тргнал по него и во продавницата. Кошмарот завршил кога пристигнала полицијата и го уапсила напаѓачот именуван како Реми Бејсдел Гакон.
При овој настан никој не бил повреден, а Гакон по прегледот во психијатриската болница ќе се соочи со сериозни кривични пријави.
Извор: Sky.mk