Остатоците од човечко тело, стари 2000 години, укажуваат на мачењата кои били применувани во Стар Рим, се сметаат дека на сличен начин бил убиен и спасителот на човештвото Исус Христос.

Пронајден во текот на ископувањето на гробницата на северот на Италија, костурот покажувал знаци на “специфични поради” на десната пета, кои сугерираат дека човекот бил распнат.

И покрај тоа што Римјаните со векови практикувале распнување на луѓе, вклучувајќи го и Исус, доказите за оваа техника се многу ретки. Единствениот друг примерок е 19 сантиметри долга шајка пронајдена во телото на еден Евреин, откриен во гробница во Ерусалим во 1968. година.

Докази за распнувања се ретки бидејќи дрвените крстови кои ги користеле Римјаните брзо се распаѓале. За шајките, од друга страна, се верувало дека имаат магични својства, па често биле вадени од жртвите. Римскиот говорник Цицерон забележал дека ова е “најсуровата и најстрашна” од сите казни.

Костурот е пронајден на околу 60 километри од Венеција во долината на реката По. “Важноста на ова откритие лежи во фактот дека ова е само втор случај документиран во светот”, рекла археологот Урсула Тун Хохенстајн.

Не е можно да се одреди староста на костурот бидејќи неговата површина е слабо сочувана. Сепак, остатоците се пронајдени покрај типични римски цигли и плочки, што сугерира дека потекнува од тој период.

Тродимензионалните фотографии од петата покажале дека повредата минала низ целата ширина на петната коска. “Перфорацијата покажува кружна дупка која минува од медијалната страна до латералната”, напишале авторите.

“Тука сметаме дека веројатна причина за повредата е распнувањето, но интерпретацијата е комплицирана поради лошата зачуваност на површината на коските, како и поради оштетувањата и дупките на другите делови од костурот”, напишале научниците.

Научниците велат дека горните екстремитети биле прицврстени за крстот. Човекот бил пронајден со горните екстремитите наместени на страна, додека долните му биле раширени. Тоа ја зголемува веројатноста дека бил распнат.

Начинот на кое лицето било погребано, само и без материјални добра, говори дека припаѓало на маргинални општествени групи или дека било заробено.