
Уште 60 нови наслови од планираните 560 од едицијата „Ѕвезди на светската книжевност“ се промовирани денеска…
Меѓу нив се дела од старата египетска литература, митологии, писмата од Ван Гог, романи од Солженицин, Шо, Грас, Музил, Борхес, Едгар Алан По, Пруст, Зола, Томас Ман…
-Се работи за најзначајни дела во светската книжевност на сите времиња. Некои од нив се преведени многу поодмана на македонски јазик, но овој превод е далеку поквалитетен. Но, голем дел од нив првпат се преведуваат на македонски јазик и тоа е од особено значење и за нашиот јазик, и за преведувачите, лекторите, издавачките куќи и, пред се, за читателите и љубителите на убавиот пишан збор – рече премиерот Никола Груевски на промоцијата.
Најави дека се размислува за нови едиции, поврзани со светската поезија, мемоари, автобиографии и биографии на познати светски успешни личности во различни области.
Главниот редактор на едицијата Митко Маџунков, исто така, се осврна на значењето на оваа едиција за македонскиот кнжевен јазик кој, како што рече, досега не бил докрај кодифициран во јазичната практика.