На 4.февруари социјалната мрежа Facebook ќе го прослави десеттиот роденден. Оваа социјална мрежа постојано се шири и во моментов има повеќе од милијарда корисници кои минуваат доста од своето време на неа.

По повод десеттиот роденден на Facebook, магазинот Time создаде апликација која може да ви покаже колку време досега сте потрошиле на социјалната мрежа. Facebook инаку не ги објавува податоците за тоа колку време поминуваат корисниците на социјалната мрежа, но можете да бидете сигурни дека ги бележи и чува.

Благодарение на податоците како што се моментот кога сте го создале профилот и колку често објавувате работи на Facebook, оваа апликација ќе утврди колку време досега сте потрошиле на социјалната мрежа.

Ако сте доволно храбри да го дознаете одговорот, кликнете овде! :)

Извор: GSM.mk