reka_brega

Сознанија на делчевските рибари и полицијата упатуваат на заклучок дека поморот на риби во Брегалница е предизвикан од преработувачките капацитети на една делчевска компанија со испуштање на  каустична сода и  киселини во одводната канализациската цевка. Рибарите претпоставуваат дека ваквиот раствор се излеал директно во водите на Брегалница и го предизвикал масовното уништување на рибниот фонд во должина од три до четири километри.

Надлежните инспекциски ќе превземат соодветни мерки откако ќе ги добијат резултатите од земените мостри и записниците од полицијата.

Иако  водите од Брегалница се акумулираат во хидроакумулационото езеро „Калиманци“, нема опасност по рибниот фонд во акумулацијата, сметаат делчевските рибари.

Извор: Faktor.mk