Втората недела во април, најверојатно 13-ти Македонија ќе гласа за шеф на државата, брифираат за 24 Вести извори од парламентарното мнозинство.
И доколку се шпекулира за датумот кога ќе се одржат претседателските избори, сеуште е тајна кои се кандидатите со кои партиите ќе „истрчаат“ на изборите.
Како што пишува 24 Вести, од најголемата владејачка партија молчат.
-Оттаму велат се уште во партијата на Груевски било тивко, на тема претседателски избори. Нивниот коалициски партнер пак ги чека нив да се изјаснат за предлогот за консензуален кандидат за претседател- пишува 24Вести.
Висок функционер на ДУИ сепак тврди дека Иванов не е опција за која Албанците би гласале.
Оттаму велат се уште во партијата на Груевски било тивко, на тема претседателски избори. Нивниот коалициски партнер пак ги чека нив да се изјаснат за предлогот за консензуален кандидат за претседател-објави 24Вести.
Од најголемата опозициска партија веќе се правела стратегија за кампањата во општините со мнозинско албанско население, и за нив ќе имале конкретна понуда -евроинтеграциите и рамномерна застапеност во Кабинетот на претседателот.
Извор: Sky.mk