
Претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, во рамките на својата предизборна кампанје утре ќе одржи предизборен митинг во Делчево…
Утре со почеток во 19 :30 часот на Летната сцена во Делчево , ќе започне преизборниот митинг на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, кој пред граѓаните на Делчево ќе ја претстави својата изборна програма и ќе им се обрати на делчевчани.
Во рамките на посетата во Делчево, Стево Пендаровски пред централниот митин во Делчево ќе оствари средба и со жителите на околните села во Општината.
Исто така кандидатот наа СДСМ утре ќе оствари средба и со граѓаните на општините Македонска Каменица, Пехчево и Берово.