Трагикомичен отчет на градоначалникот Шехтански за 9-те месеци од неговиот мандат…

darkosahtanski

Со ваква оценка денеска излегоа делчевските социјалдемократи на прес конференција и додадоа дека освен плачење и кукање за долгот што му го оставиле претходните градоначалници, тие не слушнале ништо друго од актуелниот градоначалник, пренесе ТВ СТАР.

Социјалдемократите изјавија дека граѓаните на Делчево се заглавени во сопствените проблеми и не треба да ги слушаат и неговите. Тие му порачаа дека тој не е англиска кралица и го повикаа да излезе од кабинетот и да поразговара со обичните луѓе.

На ова, од ВМРО ДПМНЕ одговорија дека крајно неодговорно од СДСМ е да ги манипулираат граѓаните со нивна „сина вистина“ која многу се разликува од реалноста. Оттаму, возвратија со прашање до актуелната претседателка на СДСМ Делчево како е можно во време на владеење на СДСМ таа да биде директор на подружницата на Македонски шуми, а нејзиниот сопруг контролор на заштита на шуми од нелегална сеча.