Денеска прес конференција одржа ОО на СДСМ во Делчево, а како причина да излезат на прес ја издвоија последната изјава на директорот на ЈПКД ” Брегалница” од Делчево…

Во продолжение ви го пренесуваме во целост интегралниот текст од денешната прес конференција на делчевските социјалдемократи.

stab-sdsm1

Почитувани сограѓани,

Повод за овој прес е последната изјава на директорот на  ЈПКД “Брегалница”, Ванчо Цветковски со која на дело  се покажа колкава е  грижата  за граѓаните и каква политика  води локалната власт.

Околу погребалните услуги, сега  е  задолжено приватно лице и граѓаните се се позагрижени ,што со нивните пари што ги уплакаат  на  сметка на ЈПКД на контото на погребални услуги и сметките за вода.Со поделбата на извшител и оператор на погребални услуги  сега  товарот паѓа на граѓаните, кои ќе мора дополнително да плаќаат.

Според  директорот Цветковски доплатата  била незначителна околу 1500 ден. 400 ден.пак била годишна резервација за гробно место.Повеќето граѓани со години наназад плаќале резервации и гробното место не само што го платиле туку го преплатиле.

Почитуван директоре дали знаете  дека голем број на  делчевчани  имаат месечми примања од 6000 ден.Ова што вие го нарекувате незначителна сума е ¼ од мечечниот приход на граѓаните.Ова за вас е малку ама за повекето сограѓани е многу.Без  срам ги уверувате да не се загрижени и дека парите не им пропаѓаат,но ние ве прашуваме дали овие пари не ги  пренаменивте  во вашиот буџет за  репрезентации за кои имаме сознанија дека изнесуваат 300 000 ден.

Ја поскапувате водата и кумуналиите и со парите на граѓаните исплаќате дневници за службени патувања и репрезентации. Јавно ве прашуваме колку ве чини   по трет пат прередувњето на бекатон плочките по тротоарите во градот.Граѓаните се посилно ги удирате  по џебот кој е се поплиток.

Кога човек размислува со празен стомак и празен џеп, а не со умот тешко поминуваат вашите фалби, уверувања и  ветувања.

ОО СДСМ, Делчево