
Андријана Будимир, девојката на мега популарната балканска ѕвезда Тоше Проески, кој прерано го напушти овој свет, односно на 16 октомври 2007 година. Од тогаш нејзиниот живот се промени од корен. Плачеше со месеци после трагедијата што се случи. Потполно престана да води грижа за себе.
„Сите ме убедуваа дека не смеам да се откажам. Ми велеа дека животот продолжува“, вели Будимир, која се откажа од ракометот и отвори салон за убавина.
Кога негде ќе се појавела, таа сериозно паѓаше кога луѓето ќе ги отвореа старите рани.
“Сите ме гледаат и воопшто не ми е удобно. Не водам грижа за себе, нигде не излегувам. Бев на една промоција и добро е што не ослепев од блицовите на фотографите. Станав нервозна и само мал број на луѓе сакам во мојата околина“, изјави тогаш Андријана.
Покрај гласините дека Андријата и Тоше не биле пар во периодот кога тој го напушти овој свет, блиските луѓе околу него тврдеа дека токму таа била љубовта на неговиот живот.
Андријана со години била сама, се до 2013, кога се омажи за Јохан, угостител од Скопје. Парот во својот брак доби и син Максим.
Иако се откажа од ракометот, во еден момент одлучи да се врати и тоа на чело на машката ракометна репрезентација. Оваа одлука од федерацијата беше донесена едногласно, а Андријата тоа го потврди со гордост.