Претседателот на ССМ Живко Митревски е платен од Владата. Мега скандал без преседан, тврдат денеска од опозиционата СДСМ…

mitrevski-faktor-510x272

„Со решение на кое стои лично потпис на премиерот Никола Груевски, претседателот на ССМ Живко Митревски е назначаен за член на УО на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. И тоа само шест дена откако ССМ даде јавна подршка на контроверзните и штетни закони за администрација предложени од ВМРО ДПМНЕ, а усвоени од Собранието. Синдикалниот лидер Живко Митревски според решение објавено во Службен весник на 21 јануари 2014 година, станал член на УО на ПИОМ и си обезбедил уште една месечна плата“, тврди Мила Царовска претседателката на Советот за социјална политика во СДСМ.

 Извор: Faktor.mk