
Како што се наближува MWC настанот во Барселона, добиваме се повеќе информации за наследникот на популарниот Galaxy S4. Овојпат, ја имаме првата слика од неговата камера…
Сликата ни доаѓа од кредибилниот извор @evleaks, а наводно е направена при тестирање од страна на мобилниот оператор AT&T. Анализирајќи ги exif податоците на сликата, може јасно да се забележи дека новиот модел ќе вклучува 16 мегапикселна камера со апертура од f/2.2, која ќе биде екстремно корисна при ноќно фотографирање.
Иако сликата е матна, сепак е со резолуција од 5,318 x 2,988 пиксели, што значи дека станува збор за 15,9 мегапикселна камера. Долго се шпекулираше за ваква камера, која дополнително би нудела OIS, односно Optical Image Stabilization.
Mobile World Congress во Барселона почнува идната недела, односно на 24-ти февруари, па очекувајте повеќе информации наскоро!
Извор: GSM.mk