
Утре православните христијани го слават празникот Водици односно Богојавление, денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.
Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.
Затоа кумот се смета за духовен родител на крстениот и најблизок роднина.
Со овој празник завршуваат не само дванаесетте т.н. Некрстени денови туку и циклусот зимски празнувања во кој спаѓаат уште и свеченостите поврзани со Бадник, Божик, Нова Година (Василица) и сл.
Оваа година над 200 граѓани ќе се обидат да го фатат крстот кој точно на пладне во водите на реката Вардар во Скопје ќе го архиепископот Охридски и македонски г.г. Стефан.
Помеѓу пријавените кандидати има и едно девојче и неколку малолетни лица.
Василевата литургија ќе почне во 9 часот во црквата „Св. Димитрија“ во Скопје, по што поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан заедно со свештенослужителите и верниците со литија ќе се упати кон мостот кај хотелот „Холидеј Ин“, каде ќе ги освети водите на Вардар.
За во Охрид пак се најавуваат повеќе од 1.000 луѓе кои се пријавиле да скокаат по Чесниот крст, во водите на Охридското езеро.
Чинот на традиционалното осветување на водите на Охридското Езеро ќе се одржи утре во 10 часот, а Чесниот крст ќе биде фрлен на Градското пристаниште во 10.15 часот.
Извор: Sky.mk