Според Јулијанскиот календар (календарот на Македонската Православна Црква) денеска е 1-ви јануари односно празникот обрезание Господово и Свети Василиј Велики.

sv-vasilij-veliki

Во Стариот завет со тоа се запечатувала припадноста на народот наследник на Божјите ветувања.

На осмиот ден после раѓањето, Христос бил однесен во храмот и обрезан. Об­резанието инаку е праслика на тајната на крштението и како такво има значење и во новозаветната Црква.

Исто така денеска се слави и Свети Василиј Велики. Тој е еден од тројцата најголеми црковни учители од четвртиот век. Родум бил од Кападокија, завршил школа во Атина. Бил го­лем христијански философ, а се прославил и како епископ и заштитник на чистотата на православното учење. Свети Василиј се упокоил на овој ден во 379 година.

Извор: Sky.mk