Дорис Дихарди, госпоѓа од Саундби, Англија, во вторникот го прославила својот стоти роденден, а иако имала желба да се повози со хеликоптер во кој пилотот за време на летот ќе се соблече гол за неа сепак тоа било неизводливо и на крај завршила со тоа што за прославата добила стриптизер…
390-grandma-0115Оваа стара дама од младиот стриптизер побарала да се соблече до гола кожа, а таа со себе имала и масло за бебиња за добро да го намачка.

– Не е шега. Навистина ме праша дали може да најдеме некој пилот кој би прифатил да се соблече за неа. Бидејќи не можевме да и ја исполниме таа желба, и предложивме да и изнајмиме стриптизер, таа прифати само под услов таа да го избере – изјавила снаата на Дорис, Шерон за весникот „Линколншир ехо“.

Госпоѓата Дихарди на својата роденденска забава во еден паб пристигнала со лимузина, а крајот на точката на стриптизерот го дочекала со шлаг на носот.

– Го замолив тоа момче да биде добар кон Дорис со оглед на нејзините години но сепак таа го доби тоа што го сакаше. Инсистираше до крај да ја изведе точката со соблекување и многу уживаше во неа. Тоа беше луда и незаборавна вечер – додала Шерон со која темпераментната баба го дели домот.

Госпоѓата Дихарди, прабаба и вдовица, до пред две години живеела самостојно, па се преселила кај синот Барни (58) и неговата сопруга. Таа е вистинско медицинско чудо бидејќи докторите велат дека има срце и бели дробови како триесетгодишен човек.

Извор: Plusinfo.mk