
Животот во источниот регион и понатаму гасне. Годишно исчезнува по едно големо село покажуваат статистичките податоци…
Разликата меѓу починатите и родените во регионот најголема е во Кочани. Таму имало 19 погреби повеќе отколку крштевки. Имено во општината се родиле 89, а починале 108 лица . Следува Пробиштип со 29 раѓања и 47 умирачки или негативната разлика од дури -18.
Во Делчево на 35 родени, починале 52. Во Берово негативниот природен прираст изнесува -14, односно се родиле 32 а починале 46 лица. Бројките и во останатите градови во регионот се негативни. Во Виница се родиле 45, а починале 54.
Во Македонска Каменица на секое раѓање имало, по еден погреб, во Чешиново-Облешево и Пехчево негативниот природен пораст е -5 и во Карбинци -1. После подолго време позитивна разлика има само во Штип со четири раѓања повеќе отколку умирачки и Зрновци со едно раѓање повеќе.
Вкупно во регионот се родиле 410, а умреле 501 лице што значи во периодот од октомври до декември минатата година дневно умирал по еден човек.
Извор: ТВ Стар