Полициската станица во Делчево поднесе кривична пријава против лицето Ѓ.М.(47) од Кочани, поради сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.
Пријавениот во периодот од 05 до 10.12.2013 година, како вработен поштар во „Македонски Пошти“-РЕ Делчево злоупотребувајќи ја службената положба и овластување парите доверени од страна на „Македонски Пошти“-РЕ Делчево за исплата на 11 пензии во износ од 113.328 денари, ги присвоил фалсификувајќи ги потписите од 11 пензионери од Делчево.