
Попладнево ќе започнат работите на изградбата на пругата кон соседна Бугарија, поточно на делницата Куманово-Бељаковце долж Коридорот 8…
Реализацијата на овој проект, според проценките ќе чини околу 550 милиони евра, со што претставува е една од најголемите инфраструктурни инвестиции од независноста.
Железничката делница од Куманово до Бељаковце е со должина од 30,8 километри и претставува прва од вкупно трите делници на пругата од меѓународниот железнички Коридор 8.
Пругата ќе ја поврзува Македонија со Бугарија, почнувајќи од Куманово преку Бељаковце, Крива Паланка до Деве Баир, односно до границата со Република Бугарија. Нејзината изградба се најавува веќе 20 години.