
Започна втората фаза односно градежните работи за изградба на новиот клинички центар.
Новиот објект ќе биде изграден на местото на старата зграда на Универзитетска клиника за гинекологија, која најпрвин треба да се урена за која активност предвидени се три месеци.
Новиот клинички центар од едната страна ќе се спојува со постојната зграда на хирургиите. Од другата страна ќе се спојува со Клиниката за гинекологија, а од задната страна со Клиниката за онкологија. Во него ќе бидат сместени сите клиники освен Клиниката за инфективни болести која ќе биде посебна и сместена во сопствената зграда, Клиниката за детски болести, кон која ќе се спои Клиниката за детска хирургија која од постојната зграда ќе премине таму, и Стоматологија и Максилофацијална хирургија кои ќе си останат во постојниот објект.
Планирано е и реновирање на објектот на хируршките клиники со адаптирање на хоспиталниот дел со болнички соби со сопствени санитарни јазли, адаптирање на испразнетите простори со преселувањето на ургентниот центар во новиот блок, хоспиталниот оддел на клиниките на трауматологија, ортопедија и неврохирургија во новиот објект и целата клиника за детска хирургија во објектот на детската клиника и адаптирање на ослободениот простор за потребите на кабинетски простор за лекарите и комплетно реновирање на целиот објект.
Изградбата на новиот клинички центар се очекува да трае три години а целиот проект ќе чини околу 70 милиони евра.
Извор: Sky.mk