
Невработените лица и лицата со ниски примања од денеска па до 31 март ќе се пререгистрираат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување за да може да ги користат здравствените услуги…
Се очекува да се пререгистрираат 243.000 осигуреници и тоа главно лицата кои минатата година добиле здравствено осигурување на товар на Буџетот на земјава за себе и своето семејство врз основа на своите пониски примања, како и за лицата кои првпат здравствено ќе се осигуруваат по овој основ.
За да го остварат правото оваа категорија на луѓе ќе треба да достават барање и изјава за остварени примања во текот на 2013 година. Барањата се поднесуваат во подрачните единици на Фондот за здравствено осигурување на Македонија и во истурените шалтери сместени во поликлиниките на Здравствен дом во Ѓорче Петров, Драчево, Чаир, Ченто и во Шуто Оризари.
За тетовскиот регион, подрачната единица ќе има продолжено работно време до 18 часот.
Пререгистрацијата ќе продолжи и по 31 март, но во тој случај лицата ќе имаат прекин во здравственото осигурување, односно од 1 април до моментот на нивната регистрација или пререгистрација во Фондот.