Трошоците во здравството за граѓаните се пораснати за 8,4 % во 2013 – тата година, покажува последниот извештај за трошоците за животот на Државниот завод за статистика. Според податоците на заводот, зголемување има во речиси сите здравствени сегменти.

lekovi-ima-kod-kuce-02

Па така граѓаните давале 12 % повеќе пари за лекови во 2013 – тата во однос на 2012 – тата, додека само во Декември давале 16 % повеќе пари во однос на истиот месец во 2012 – та. Зголемени се трошоците и за фармацевтските производи и тоа за 13,5 %, додека од 1 до 1,4 % се поголеми трошоците за терапевстките помагала, здравствените услуги, медицинските и парамедицинските и стоматолошките услуги. Дел од аналитичарите велат дека не се изненадени од податоците на статистика, кои се контрадикторни со континуираните соопштенија на здравствените власти во кои се индицира намалување на цените на лековите, како и намалување на цените и се навестуваат поквалитетни здравствени услуги. Експертот за социјална медицина и јавно здравје Методија Трајаноски вели дека порастот на трошоците во здравството може да се случува поради неколку причини.

Здравствената политика во последните години не била подложена на реформи кои би резултирале во промената на структурата на трошоците, што  е прилично индикативно со оглед на фактот што надлежните им овозможија на сите граѓани во Македонија да добијат какво – такво здравствено осигурување, ги намалија неколку пати и повеќекратно цените на лековите и медицинските помагала, како и го воведоа мој термин, но тоа очигледно не предизвикало соодветна реакција во делот на хармонизација на нормите и стандардите за структура на трошоците на здравствените услуги – вели Методија Трајаноски,  експерт за социјална медицина и јавно здравје

Трајаноски додава и дека веројатно порастот на трошоците ги следи соодветните инфлаторни тенденции со цел да не се направи дефицит во Фондот за здравствено осигурување.

Повеќе за ова на Faktor.mk