
Македонскиот фудбалски интернационалец Мирко Ивановски на крајот од зимскиот преоден рок бил на чекор до трансфер во шпанскиот прволигаш Ваљадолид, кој не се реализирал поради технички пропуст.
Младиот 24-годишен Битолчанец Мирко Ивановски беше на прагот да заигра во шпанската премиера, а трансферот било договорено да се реализира непосредно пред истекот на преодниот рок
Клубот од северна Шпанија постигна заеднички јазик со романскиот клуб Астра Плоешти за отстапка на шест месеци на напаѓачот со право на откуп на лето. Фудбалерот ги договори своите лични услови, откако блескаше на шпанските подготовките на Астра.
На крајот федерацијата на Шпанија го блокирала трансферот, и побарала превод на потребните договори со оглед на тоа што се работи за меѓународен трансфер. Двата клуба немале време за да го решат овој технички проблем па трансферот пропадна во последен момент
Времето не им беше сојузник на двата клуба и не постоеше повеќе од неполн час за перфекционизирање на трансферот.
Ивановски кој игра одлично веќе втора сезона во Романија, најверојатно ќе биде на радарот на Ваљадолид до на лето, а клубот како замена го донесе Жефрен од Спортинг Лисабон.
Ова е факсот со кој шпанскиот клуб го исвестува романскиот клуб Астра Плоешти дека шпанската федерација побарала превод на документите.
Извор: Sportski.mk