
Хрватската полиција денеска соопшти дека поради пребрзо возење запреал автомобил управуван од 42 годишен државјанин на Црна Гора кој на автопатот Загреб-Сплит возел со неверојатни 244 километри на час.
„На тој дел од патот брината е огранична на 130 километри на час, а возачот на автомобил марка БМВ според уредот за мерење на брзината, возел 244 километри на час“ – стои во соопштението на полицијата.
Возачот бил казнет парично и добил една година забрана за управување автомобил на територијата на Хрватска.