Шестмина цариници, меѓу кои и шефот на царината во струмичкиот граничен премин Ново Село се уапсени денеска во голема полициска акција, под сомнение дека учествувале во повеќе кривични дела – злоупотреба на службената положба и овластување, криумчарење, фалсификување и употреба на исправа со невистинита содржина.
Во акцијата се уапсени и петмина граѓани, а полицијата се уште врши претреси и проверки во бутици низ повеќе градови, меѓу кои Штип и Богданци.
Полициската операција имала за цел да се пресече канал за шверц на текстил од Бугарија и Грција во Македонија. МВР најави повеќе детали во текот на денов.
Извор: Faktor.mk