Познат делчевчанец нападнал докторка во Итната медицинска служба…

M4034S-4211

Инцидентот се случил на ноќно дежурство, 45 минути по полноќ. Тогаш пациентката која дошла да бара помош во Итната медицинска служба, не ги послушала советите на дежурната лекарка, а случајот се обидел да го реши сопругот кој со но вербални навреди и закани ја нападнал докторката. Ова било причина таа да викне полиција, по што докторката била и физички нападната, пренесе ТВ Стар.

Видно вознемирена, дежурната докторка не сакаше да даде изјава, но во нејзина одбрана застана лекарската комора.
Сепак, ова не е прв случај за напад на здравствен работник. Само во Делчево во Итната медицинска служба се случиле три инциденти.

Лекарската комора за инцидентот ќе го извести и Министерството за здравство со намера да се преземат мерки за заштита на здравствениот персонал, но исто така, делчевските лекари ќе побараат од раководството на Здравствениот дом да воспостави служба за обезбедување.

Од СВР Штип, го потврдија инцидентот, додека нападнатата и исплашена докторка најави дека ќе поднесе соодветна тужба за нападот, верува и во правниот систем на државава, но и во Минситерството за здравство дека ќе ги заштити здравствените работници.

Целиот прилог погледнете го на ТВ Стар.