
Листата на најфотогеничните места на светот можеби звучи по малку невистинито, со оглед на тоа што вкупно за неа гласале 700 богати личности, но тоа е уште една можност да погледнеме некои убави фотографии од прекрасните места на планетава…
Бидејќи изборот за најфотогенични модели е клише, една интернет страница решила да направи една неочекувана топ листа – листа на најфотогеничните места во светот.
Интернет страницата „VeryFirstTo.com“ од своите побогати членови побарала да го дадат своето мислење за тоа кои се најфотогеничните места кои постојат на нашата планета.
Овие луѓе покажале дека имаат навистина добар вкус и на листата се наоѓаат некои импресивни локации.
Што вие мислите, дали ова се навистина најфотогеничните места на светот?