struja

Од јануари следната година, кога стартува третата и последна фаза од либерализацијата на пазарот на електрична енергија, граѓаните ќе добијат можност повторно да имаат дневна евтина тарифа за струја, пишува весникот „Дневник“.

Oд следната година либерализацијата започнува да важи и за граѓаните, кои ќе добијат можност самите да изберат од која фирма ќе се снабдуваат со електрична енергија.

Во трка за потрошувачи, фирмите се подготвени да понудат поволни услови, а еден од нив е и враќање на дневната евтина тарифа, вели за весникот Кочо Анѓушев сопственик на „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС), една од фирмите која ќе снабдува на пазарот.

Извор: Think.mk