Повисоки пензии за 600 денари од овој месец ќе добијат пензионерите. Покачувањето важи за февруарската пензија, која деновиве започна да се исплаќа…

penzioneri_5-564x272

Просечното зголемување на пензиите изнесува 5%, а корист од него ќе имаат речиси 270 илјади пензионери. Најголемо покачување од 10% има кај минималната пензија, која изнесува речиси 8.000 денари. Кај оние со највисоки пензии од 35.000 денари, покачувањето изнесува 1,7%.

„Тоа ќе значи секој ќе добие сто евра годишно што не е за потценување, секаде се намалуваат пензиите, само кај нас се зголемуваат“, вели Драги Аргировски претседател на Здружението на пензионери на Република Македонија.

За ова покачување во државниот буџет годинава се издвоени 30 милиони евра. За осум години просечната пензија се зголемила за 62 проценти . Според податоците до Министерството за труд и социјала, во 2006 таа изнесувала  7.683, а годинава достигнала 12.445 денари. Минималната пензија се зголемила за 76%, од 4.330  на 7.620 денари.

Извор: Faktor.mk