
Момчето во неколку реченици објаснило дека цената на услугата е околу 20 евра, и додал дека неговите муштерии може да добијат попуст ако станува збор за повеќе погреби…
Во денешно време секој се снаоѓа како знае и умее, па така едно момче од Нови Сад на еден популарен интернет огласник објавил дека нуди несекојдневна услуга – плачење на погреби.
Момчето во неколку реченици објаснило дека цената на услугата е околу 20 евра, и додал дека неговите муштерии може да добијат попуст ако станува збор за повеќе погреби.
Авторот на огласот за српските медиуми потврдил дека „тагата за непознат пријател“ му носи заработувачка бидејќи телефонот веќе неколку пати му заѕвонел откако ја огласил оваа несекојдневна услуга.
Момчето изјавило дека не станува збор за шега.
Извор: Plusinfo.mk